МИСИЈА
МИСИЈАТА на нашето училиште е: „Комуникацијата меѓу наставник – ученик – родител без оглед на етничката припадност ја поттикнуваме преку интегрирана настава и современа образовна технологија, давајќи поддршка на инклузивното образование“ Нашето основно МОТО е: „Преку квалитетно образование обезбедуваме перспективна иднина“. |
ВИЗИЈА
ВИЗИЈАТА на нашето училиште е споделена. Наставниците, училишниот менаџмент, учениците, родителите и претставниците на локалната заедница училиштето го гледаат вака: „Училиштето го гледаме како здрава, безбедна и демократска средина во која ќе се гради позитивна мултиетничка училишна клима. Наставата ќе биде прилагодена на потребите и способностите на учениците, со интегриран и современ пристап. Квалитетна поддршка на инклузивното образование во рамките на општината ќе дадеме на ученици со попреченост како основно училиште со центар за поддршка на учењето“. |